Дома Боречки спортови Видео: Боксер го гризна противникот за време на меч!

Видео: Боксер го гризна противникот за време на меч!

Пресметката во тешка категорија во Ливерпул имаше контроверзен финиш, откако Каш Али беше дисквалификуван од дуелот со Дејвид Прајс откако го гризна на стомакот.

Додека двајцата се бореа на рингот во петтата рунда, Али, кој веќе беше предупреден од судијата поради недозволен удар во тилот на противникот, го притисна Прајс на земјата.

Тој се најде над својот противник од Ливерпул, но исфрустриран од слабиот меч се одлучи за неверојатен потег.

Имено, Али го гризна во абдоменот, а откако судијата го забележа сето ова, експресно го дисквалификуваше и му ја додели победата на Прајс.

Покрај дисквалификацијата, се очекува Али да добие и жестока казна која подолго време ќе го оддалечи од боксерските рингови.

https://youtu.be/SbM4AzZeLcg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Боксот се сели во Прилеп: Ронин 2024 го организира шестото коло

Прилеп во недела ќе биде домаќин на шестото коло во двете домашни бокс-лиги. Ронин 2024 ја…