Дома Фудбал Италија Во Милан бесни на судијата: Дали „росонерите“ беа оштетени? (видео)

Во Милан бесни на судијата: Дали „росонерите“ беа оштетени? (видео)

Милан синоќа загуби на гостувањето во Сампдорија со 1:0, со голот кој дојде после кардиналната грешка на голманот Донарума.

Со овој пораз „росонерите“ си ја искомплицираа позицијата за пласман во Топ 4, иако се уште се на четвртото место на табелата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, после мечот од таборот на Милан како главен виновник за поразот го посочија судијата Орсато, кој според нив не досудил чист пенал во 90-та минута.

Дефанзивецот на Сампдорија стартуваше над Пјонтек во казнетиот простор, но според судијата немаше елементи за пенал.

Меѓутоа, „росонерите“ тврдат дека домашниот фудбалер не ја допрел туката и директно стартувал над нивиот напаѓач. Видете и проценете сами!

https://youtu.be/3sWbw1Tfp4w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…