Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс ја заврши сезоната во НБА лигата. Од клубот потврдија дека нема да игра бидејќи ќе ја лекува повредата.
Лос Анџелес Лејкерс остана без плејоф, па ова беше прв пат после 2005 година Леброн Цејмс да остане без завршница.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа од клубот одлучија да оди на лекување на повредата и нема да игра до крајот на сезоната.
„По консултации со нашиот тим на лекари и медицински персонал, решивме да го ослободиме Леброн од учество во преостанатите натпревари од сезоната. Оваа одлука ќе му овозможи да се опорави целосно и да се подготви за идните успеси“, се вели во соопштението на Лејкерси.
Џејмс ја заврши својата прва сезона во Лејкерс со просек од 27,4 поени, 8,5 скока и 8.3 асистенции.
“After consulting with our team doctors and medical staff, we have decided to hold LeBron out of games for the remainder of the season.
"This decision will allow his groin to fully heal, and is best for the future success of both LeBron and the Lakers."https://t.co/6Z5DsXMFKt
— Los Angeles Lakers (@Lakers) March 30, 2019