Удинезе во 29-тото коло од италијанското првенство ја победи Џенова со 2:0.
Домаќините на стадионот „Фриули“ до водство стигнаа уште во четвртата минута кога за популарните „зебри“ погоди Стефано Окака.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Повеќе возбудувања на овој натпревар немаше се до 62-та минута Роландо Мандрагора постигна гол кој ќе биде сериозен кандидат за гол на сезоната.
Овој играч погоди од скоро 30 метри одалеченост со фантастичен шут.
Џенова се разбуди во самиот финиш кога добри прилики пропуштија Кристијан Куаме и Џанлука Лападула, меѓутоа резултатот не се менуваше.
Горан Пандев на овој натпревар во игра влезе во второто полувреме на местото на Ролон.