Дома Фудбал Англија Манчестер Сити за половина час ја заврши работа и му го нанесе осмиот пораз во низа на Фулам (ВИДЕО)

Манчестер Сити за половина час ја заврши работа и му го нанесе осмиот пораз во низа на Фулам (ВИДЕО)

После репрезентативната пауза фудбалот се врати на терените и во англиската Премиер лигата. Со денешниот натпревар помеѓу Фулам и Манчестер Сити беше отворено 32-то коло во најсилната конкуренција на Островот.

Манчестер Сити уште во петата минута стигна до водство. Серхио Агуеро му асистираше на Бернардо Силва кој пронајде простор за удар и погоди за 0:1. „Граѓаните“ продолжија да доминираат и после постигнатиот гол. Напаѓаа, создаваа прилика и имаа контрола, а до втор гол стигнаа во 27-та минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој пат Бернардо Силва и Агуеро ги заменија улогијата. Силва беше асистент, Агуеро стрелец за 2:0.

На крајот тој резултат се покажа и како конечен, иако можеше да видиме уште некој гол во мрежата на Фулам. Со оваа победа Манчестер Сити се врати на првата позиција на табелата и сега има 77 бода, еден повеќе од Ливерпул.

За Фулам ова беше осми пораз во низа и јасно е ека овој тим се подготвува за враќање во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…