Мауро Икарди нема да игра во утрешниот натпревар за Интер против Лацио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот изминатата недела се врати на тренинзите после еден месец отсуство, а италијанските медиуми тврдеа дека Икарди може да се најде на теренот веќе во натпреварот против Лацио.
Меѓутоа 26 годишниот напаѓач е изоставен од тимот, а тренерот Лучијано Спалети откри дека нешто се случило на вчерашниот тренинг и поради тоа нешто одлучил Икарди сепак да не игра.
„На некој начин изгледаше како во тимот да ни дошол нов играч. Не беше долго време со нас. Тренираше и моравме да го вклучуваме во режимот на тренинг. Вчера нешто се случи и морав да проценам и да донесам одлука. Ќе видиме како ќе биде за наредните натпревари“, изјави Спалети.
Така Икарди нема повторно да го гледаме во тимот. Спалети се одлучи да го игра и овој важен натпревар без капитенот, иако има проблеми со повредите.
Лаутаро Мартинез е повреден и поради тоа е надвор од тимот, па така сега главен кандидат да го започне натпреварот е Кеита Балде.
Ќе потсетиме, Икарди надвор од тимот е од моментот кога тимот му ја одзема капитенската лента и му ја додели на голманот Самир Хандановиќ. Аргентинецот тврдеше дека е повреден, но медицинските соопштенија на Интер го кажуваа спротивното.