Дома Фудбал Останато Германците најавуваат: Мурињо се враќа на голема врата!

Германците најавуваат: Мурињо се враќа на голема врата!

Иако многу лошо стартуваше, Нико Ковач и понатаму е тренер на Баерн Минхен.

Баварците дојдоа до лидерската позиција во Бундес лигата, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани од Ливерпул и на тој начин го завршија настапот во ова натпреварување во осминафиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ковач и понатаму не е сигурен на клупата на германскиот гигант, а медиумите во Германија пишуваат дека негов наследник во летото кое следи би можел да биде Португалецот Жозе Мурињо.

Мурињо е без работа после раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед. Се поврзуваше со голем број клубови, но до договор не дојде.

Последните шпекулации зборуваа дека „специјалните“ би можел да го замени Бруно Женсиу на клупата на Лион, но тешко е да се очекува дека ако навистина добие понуда од Германија ќе го избере Лион пред Баерн.

Неодамна Мурињо изјави дека сака да води клуб со кој би можел и по трет пат да ја освои Лигата на шампионите, а Лион реално не клуб од таков калибар.

Германските медиуми таа негова изјава веднаш ја поврзуваа со Баерн, но дали во овие најави има вистина останува да видиме.

„Ми недостасува тренингот со играчите. Не го кријам тоа. Планирам да ја освојам петтата лигашка титула и Лигата на шампионите со некој нов клуб“, гласеше изјавата на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…