Aнтонио Конте многу веројатно ќе се врати на тренерската работа во текот на летото.
Италијанскиот стратег доби отказ во Челзи пред почетокот на оваа сезона, а и покрај бројните понуди не сакаше да превземе ниту еден тим на сред сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа на тренерската работа веројатно ќе се врати на лето, а според италијанските медиуми тој станал главен кандидат за нов тренер на Рома.
„Волчицата“ неодамна го отпушти Еусебио Ди Франческо. Водењето на тимот го превзема Клаудио Раниери, но раководството на римскиот клуб на големо бара човек кој ќе започне со работа наредната сезона.
Изборот паднал на Антонио Конте. Со него во наредниот период ќе направат разговори и ќе му го претстават проектот и ќе му понудат услови после кои ќе се знае дали тој ќе ја прифати понудата.
Конте зад себе има богата тренерска кариера. Со Јувентус и Челзи освојуваше освојуваше шампионски титули, но прашање е дали е заинтересиран за работа во Рома. Сигурно дека во случај на ангажирање на овој 50 годишен стратег Рома ќе мора добро да го одврзе ќесето и да доведе засилувања, бидејќи во спротивно Конте тешко дека ќе ја прифати работата во Рим.
Конте поркрај Челзи и Јувентус во тренерската кариера ги водеше уште Сиена, Аталанта, Бари, Арезо и репрезентацијата на Италија.