Марио Балотели вечерва не беш во составот на Италија која играше против Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство.
Искусниот Фабио Кваљарела доби предност во однос на Балотели. Балотели и покрај добрата форма во Марсеј не се најде во составот.
„Супер Марио“ порача дека му е доста од редовните критики кои ги добива.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали некогаш сте помислиле, а тоа можеби никогаш нема да се случи, но еден ден можеби ќе ви бидам потребен и јас ќе бидам на исто ниво од последните три години, но слушам дека некои од вас ме навредуваат и потценуваат со години, можеби поради тоа што ќе бидам емоционално вознемиран и затоа ќе го го одбијам повикот“.
„Јас не сум робот, ниту епедимија или идиот…Многу пати не одговарам за да избегнам разни проблеми и непотребна напнатост, но сето тоа што го слушам и гледам се собира во мене и мене ми е навистина доста“,порача разочараниот „Супер Марио“.
На крајот Балотели испрати завршна порака до навивачите.
„Само ве молам да ме почитувате колку што јас ја почитувам Италија…Не очекувам да ме мазите или сметате за феномен, но ви гаранатирам дека од мене можете да добиете само најголема почит. Јас сум човек кој со ништо и никогаш не оправдува непочитување“, заврши Балотели.