Тоа што се најавуваше изминатите денови денес е и официјално потврдено. Милан и Интер направија заеднички проект за изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов за сезоната 2022/23.
Проектот е веќе одобрен од советот на општината во Милано, па се чекаше само зелено светло од раководството на Интер кое пристигна денес.
„Новиот стадион е приоритет за нашиот клуб, како и за Милан. Се согласивме со предлогот на Милан за заеднички стадион, бидејќи сметаме дека тоа е најдоброто решени“, изјавија директорите на Интер.
Новиот стадион ќе ги чини двата клуба 600.000 милиони евра, ќе биде со капацитет од нешто повеќе од 60.000 места и ќе започне да се гради веднаш до „Сан Сиро“, на местото каде што сега има паркинг.
Интересно, веднаш после изградбата на новиот стадион донесена е одлука „Сан Сиро“ да биде срушен, а на тоа место ќе биде изграден шопинг центар и клупски простории за двата клуба.
„Република“ пренесува дека стадионот во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.
Милан и Интер играат на стадионот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на општината и плаќаат кирија, па поради тоа имаат и мала заработка. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба годишно од стадионот заработуваат по околу 30 милиони евра, а проценките се дека со новиот стадион ќе заработуваат по 70 до 80 милиони евра.