Дома Останати Кошарка НБА Ужасна повреда во НБА: Босанецот Јусуф Нуркиќ ја скрши ногата (ВИДЕО)

Ужасна повреда во НБА: Босанецот Јусуф Нуркиќ ја скрши ногата (ВИДЕО)

nurkic

Тимот на Портланд изминатата ноќ со 148:144 после две продолженија славеа против Бруклин на свој терен, но резултатот на овој натпревар остана во втор план.

Имено, на 2:22 до крајот на второто продолжение Јусуф Нуркиќ доживеа ужасна повреда.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Нуркиќ се обиде да го поправи промашувањето на своите Блејзерс, но незгодно доскокна и заврши на подот. Веднаш беше јасно дека станува збор за тешка повреда. Босанецот заработи скршеница на левата нога.

https://youtu.be/iaIe-2IrxU8

Докторите интервенираа и брзо го изнесоа од теренот, а домашната публика во тие моменти го скандираше неговото име и му пружија поддршка. Колку лошо изгледаше повредата доволно зборуваат реакциите на кошаркарите на теренот.

За жал Нуркиќ сигурно го чека долга пауза.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Бомба“: Денвер прави „дрим-тим“ – тргнува по ѕвездата на Голден Стејт

Meдиумите во САД пренесуваат дека раководството на Денвер започнало преговори со Клеј Томп…