Патот на Зинедин Зидан до врвот не беше воопшто лесен туку напротив беше исклучително долг и напорен следен со многубројни откажувања и напорна работа.
На крајот се се исплатеше. Еден од најдобрите играчи во историјата имаше фудбалска кариера која засекогаш ќе се памети, а со успесите продолжи и во тренерската работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак неговите први чекори во оваа игра не биле така гламурозни.
„Тоа ми беше јасно од самиот почеток. Единствено што сакав е да играм фудбал, имав проблеми на училшите и родителите ме отпишаа. Ми зборуваа: Знаеме дека имаш нешто во главата, па прави го тоа што го сакаш. Тој ден кога ја добив дозволата од родителите се фокусирав на она што сакам да станам. Со доаѓањето во Кан започнав со професионалните тренинзи и си кажав себе си – сакам ова да го направам! Од тој момент правев се што можам за да станам најдобар“, зборуваше Зидан за платформата „ОТРО“.
Имало и откажувања…
„Добро спиев, не бев идиот кој одеше по барови и пиеше. Давав се од себе да станам колку што можам подобар. Сакав да го направам тоа по секоја цена. Знаев дека само така можам да ги направам среќни моите родители. Порано за да станете познати моравте да бидете добри, не беше како денес. Прво моравте да покажете дека сте поинаков од останатите. Денес е се променето, се е многу побрзо, а кога во прашање се играчите, тие повеќе не се плашат од грешки надвор од теренот“, смета големиот Зизу.