Рајо Ваљекано во последните два месеци е во лоша форма, а кога на тимот не му оди најчесто цената ја плаќа тренерот.
Досегашниот тренер на тимот за кој брани нашиот Столе Димитриевски, Мичел заработи отказ откако тимот загуби на седум последователни натпревари. На тренерското столче Мичел ќе биде наследен од Пако Хименез.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многумина ќе кажат и дека оваа одлука на раководството на Рајо е задоцената. Овој тим веќе заостанува шест бода во одност на тимовите кои се во сигурната зона.
Пако Хименез тренер на Рајо беше од 2012 до 2016 година, а потоа ги предводеше Гранада, Круз Азул и Лас Палмас. Хименез со Рајо потпиша договор до 2020 година.