Во деновите кои следат ширум Европа ќе се играат голем број квалификациски натпревари за Европското првенство во 2020 година.
На овие натпревари најдобриот македонски судија Александар Ставрев ја доби честа да суди натпревар на светскиот шампион Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА го одреди Ставрев да ја дели правдата во Молдавија каде што оваа селекција ќе игра против светскиот шампион. Ова не е прв пат Ставрев да суди натпревар на Франција.
Претходно на „триколорите“ не им донесе многу среќа бидејќи оваа селекција одигра само 0:0 во квалификациите за Светското првенство во Русија кое изминатото лето го освоија.
На Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Александар Мечкаровски.