Дома Фудбал Англија Бабел можеше да му направи сериозен проблем на Ливерпул, Милнер ги спаси „црвените“ (ВИДЕО)

Бабел можеше да му направи сериозен проблем на Ливерпул, Милнер ги спаси „црвените“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул славеа тешка победа на гостински терен против Фулам во рамките од 31-то коло во Премиер лигата.

„Црвените“ и „граѓаните“ веќе неколку месеци водат трка за титулата во Премиер лигата, а Ливерпул денес ја одработи својата работа кога во прашање е 31-то коло и славеше со 2:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Ливерпул до победата стигна многу потешко отколку што се очекуваше.

Екипата која од клупата ја предводи Јирген Клоп до водство стигна во 26-тата минута преку Садио Мане кој на тој начин ја продолжи одличната серија на голови. Сега има 11 на последните 11 натпревари.

Сепак во вториот дел навивачите на Ливерпул стравуваа кога во 74-тата минута нивниот поранешен играч, Рајан Бабел ја затресе мрежата на Алисон. Ван Дијк погреши и прекратко ја додаде топката до својот голман, а тоа го искористи Бабел.

Кога изгледаше ека тоа ќе биде конечниот резултатат, сепак гостите ги спаси Џејмс Милнер кој погоди од пенал на девет минути пред крајот.

Ливерпул на овој начин дојде во водство на табелата бидејќи сега има 76 бодови, односно два повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Манчестер Сити. Од друга страна Фулам останува на претпоследната позиција бидејќи има само 17 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан има нов фаворит за тренер

Раководството на Милан се насочува кон ангажман на италијанскиот тренер Роберт де Зерби, п…