Дома Фудбал Лига на шампиони Мане и Ван Дијк погодуваа за четвртфинале на Ливерпул во Минхен, Барса „пукна петарда“ (ВИДЕО)

Мане и Ван Дијк погодуваа за четвртфинале на Ливерпул во Минхен, Барса „пукна петарда“ (ВИДЕО)

Вечерва Лигата на шампионите ги доби и последните четвртфиналисти, а тоа се Ливерпул и Барселона.

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен го победија Баерн Минхен со 3:1 во реваншот.
Резултатот од првиот натпревар беше 0:0, па така вечерва се беше отворено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прв се закани Баерн преку Алкантара, но тоа и не беше премногу опасно. Кон средината од првото полувреме, Роберто Фирмино имаше прилика, но шутираше покрај голот. Само една минута подоцна Ливерпул стигна до водство.

Се играше 26-тата минута кога Мануел Ноер непотребно го напушти својот гол и тргна по топката, тоа го искористи Садио Мане кој погодува за 0:1.

Баерн сепак се врати брзо во натпреварот откако Жоел Матип си постигна автогол во 39-тата минута. Со резултатот 1:1 се замина и на полувремето.

Во продолжение од натпреварот скоро и да не видовме ништо интересно се до 69-тата минута кога Ван Дијк после корнерот беше највиско во шеснаесетникот и погоди за ново водство на Ливерпул. Подоцна Мане стави точка на победата на „црвените“.

До крајот Баерн се обидуваше да стигне до погодок, но едноставно толку беа можностите на домаќините во овој натпревар.




Барселона на свој терен ја оправда фаворитската улога и со убедливи 5:1 го победи франуски Лион. Погодоците за Барселона ги постигнаа Меси (два), Кутињо, Пике и Дембеле. Стрелец на утешниот гол за Лион беше Тусарт.

Ждрепката за четвртфиналето е закажана за во петок во 12:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…