Вечерва се играат последните два реванш натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Секако дербито на вечерта се игра во Минхен каде што гостува Ливерпул. Првиот натпревар помеѓу овие два тима заврши без голови, па вечерва и понатаму сите опции се отворени.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова се составите за кои се одлучија Нико Ковач и Јирген Клоп:
БАЕРН (4-2-3-1)
Ноер; Рафиња, Суле, Хумелс, Алаба; Мартинез, Тиаго; Гнабри, Родригез, Рибери; Левандовски
ЛИВЕРПУЛ (4-3-3)
Алисон; Александер-Арнолд, Матип, Ван Дијк, Робертсон; Милнер, Вајналдум, Хендерсон; Мане, Салах, Фирмино