Дома Фудбал Италија Спалети на маки пред мечот со Ајнтрахт: На располагање има само 11 фудбалери!

Спалети на маки пред мечот со Ајнтрахт: На располагање има само 11 фудбалери!

Фудбалерите на Интер вчера го победија СПАЛ на домашен терен со 2:0 во рамките на 27-то коло од италијанскиот шампионат, но победата ја платија скапо.

Имено, во редовите на „нероаѕурите“ се повредија двајца фудбалери и тоа Брозовиќ и Миранда. Бразилецот го повреди носот, додека Хрватот има мускулна повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, и двајцата се неизвесни за следниот натпревар против Ајнтрахт во Лига Европа, но и против Милан во големото дерби следниот викенд.

Сега Спалети е на големи маки пред мечот со Ајнтрахт во Лига Европа, бидејќи Квадво Асамоа и Лаутаро Мартинез се повредени, а надвор поради повреда се уште Мауро Икарди и Раџа Наинголан.

Потсетуваме, Жоао Марио, Роберто Гаглиардини и Далберт не се пријавени за настапите во Лига Европа.

Сега Слалети на располагање на овој меч има замо 11 фудбалери и голмани, па нема да има проблеми при изборот на стартниот тим, кој би требало да изледа вака:

Хандановиќ – Скриниар, Ранокиа, Де Врај – Сердик, Весино, Борха Валеро, Даброзио – Политано, Кеита, Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…