Дома Фудбал Италија Роналдо испрати силна порака до навивачите пред утрешниот реванш (ВИДЕО)

Роналдо испрати силна порака до навивачите пред утрешниот реванш (ВИДЕО)

Јувентус утре го очекува најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната.

„Старата дама“ на свој терен ќе го игра реваншот против Атлетико Мадрид и ќе се обиде да ја надополни негативата од 2:0 од првиот натпревар во Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Атлетико важи за цврст тим и против „јорганџиите“ навистина е тешко да го свртите резултатот во своја корист, меѓутоа во Торино сигурно нема да се откажат, а максимално мотивиран да блесне во најдобро светло е Кристиано Роналдо.

Во текот на вчерашниот ден Роналдо сними кратко видео во кое порача дека верува во пресврт и ја побара помошта од навивачите.

„Во вторник ќе ни биде потребна вашата помош, поддржете не и мислете позитивно. Верувам дека можеме успееме. На домашен терен сме силно, меѓутоа ни треба и помошта од фановите. Се надевам дека ќе ни помогнат и дека тоа ќе биде специјална вечер за сите нас. Ќе се потрудиме да постигнеме повеќе голови и да се пласираме во следната фаза“, порача помеѓудругото Роналдо.

Реваншот во осминафиналето помеѓу Јувентус и Атлетико е закажан за утре во стандардниот термин од 21:00 часот. Во вториот натпревар утре Манчестер Сити го пречекува Шалке со предност од 2:0 од првиот натпревар во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…