Фудбалерите на Интер во рамките од 27-то коло од италијанската Серија А го совладаа СПАЛ на домашен терен со 2:0.
Интер во текот на целиот натпревар беше подобар тим на теренот и иако првото полувреме беше завршено без голови во второто „нероаѕурите“ успеаа да стигнат до бодовите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Матео Политано ја погоди мрежата на гостите во 68-та минута и го доведе Интер во водство од 1:0, а Роберто Гаљардини во 77-та минута ја зголеми предноста на 2:0, резултат кој се покажа и како конечен.
Интересно е што според пишувањата на италијанските медиуми, Мауро Икарди на овој натпревар воопшто не бил на трибините.
Откако пропаднаа преговорите со управата на Интер Икарди се одлучил на негов потек, а неговата одлука не ја промени ни тоа што Интер вчера го прослави 111-тиот роденден, па денес на стадионот „Џузепе Меаца“ се појавија голем број поранешни играчи на овој тим.
Интер после оваа победа се наоѓа на четвртата позиција со 50 освоени бодови и само еден бод помалку од градскиот ривал Милан кој се наоѓа на третата позиција.
Во преостанатите два натпревари, Торино го совлада Фросиноне со 2:1, додека Аталанта на гости беше подобра од Сампдорија со истиот резултат, а Фабио Кваљарела одново беше стрелец за Сампдорија.
Каваљарела така сега е водечки стрелец во Серија А со 20 голови, го следат Кристиано Роналдо и Криштоф Пјонтек со по 19.