Дома Фудбал Лига на шампиони Ова би било тежок удар за Симеоне: Еден од најважните играчи не игра против Јувентус?

Ова би било тежок удар за Симеоне: Еден од најважните играчи не игра против Јувентус?

Уругваецот беше стрелец во првиот натпревар на италијанскиот тим.

Во престолнината на Мадрид полека се припремаат за реваншот против „старата дама“ кој е закажан за неделата која следи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико Мадрид има голема предност од 2:0, но вторникот и средата видовме натпревари со неверојатни пресврти, па поради тоа тимот на Симеоне мора да биде внимателен.

Сега пристигнуваат навистина лоши вести за „јорганџиите“. Човекот кој е столб на одбрната и лидер на тимот, Диего Годин би можел да го пропушти реваншот во Торино.

Искусниот Уругваец се повредил на тренингот каде што добил удар во бутниот мускул и неговиот настап како што пишуваат шпанските медиуми е ставен под голем знак прашалник.

Нема соменвање дека неиграњето на Годин ќе биде тежок удар за Атлетико на кого му претстои трка со времето да го спреми Годин за натпреварот во вторник. Треба да се истакне дека во колото кога Атлетико го победи Јувентус Годин беше избран за играч на колото.

Инаку, овој фудбалер веќе од наредната сезона се очекува стане голем противник на Јувентус бидејќи на големо се пишуваше за неговиот трансфер во Интер кој е скоро договорен. Во медиумите се појавуваа информации и за должината и платата која Годин ќе ја добива „Меаца“ каде што пристигнува како слободен играч.

https://www.youtube.com/watch?v=3u_579X_-o0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…