Тројца клучни играчи на Манчестер Јунајтед кои беа надвор од тимот поради повреда ќе му бидат на располагање на Солскјер за неделното дерби со Арсенал на „Емирати.
Станува збор Антони Марсијал, Немања Матиќ и Андер Ерера кои се стартери во тимот откако пристигна Солсјкер на клупата на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерик Баи кој се здоби со повреда во првото полувреме на мечот со Пари Сент Жермен, исто така ќе биде спремен за настап во дербито.
Во стартниот состав ќе се врати и Пол Погба, кој го пропушти мечот во Париз поради суспензија.
„Антони Марсијал ќе биде на располагање, а се надевам дека Матиќ и Ерера исто така ќе бидат спремни за настап против Арсенал. Тоа сигурно ќе значи дека ќе имаме повеќе опции во тимот. Овие играчи имаат потреба барем уште два дена да тренираат со тимот. Ерик е добро“, потврди Солскјер.
Солскјер од пристигнувањето на клупата на Манчестер Јунајтед буквално го препороди тимот и на 17 меча запиша дури 15 победи, па се врати во трка за Топ 4.
Токму мечот со Арсенал може да биде клучен во битката за четвртото место на табелата, па поради тоа ова е одлична вест за Солскјер.
Ole's delivered some positive team news in his press conference! ? #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) March 8, 2019