Oклахома на гостински терен против Портланд после едно продолжение славеше победа од 129:121.
Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ одигра 34 минути во овој натпревар и постигна 13 поени, запиша 17 скока и три асистенции, но натпреварот го заврши порано поради исклучување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нуркиќ беше испратен во соблекувалната после дуелите со Расел Вестбрук и Пол Џорџ, а на крајот тоа неговиот тим тоа го плати со пораз.
Прво Нуркиќ се „закачи“ со Вестбрук. Босанецот прво се обиде да го сопне Расел, а овој на тоа возврати со жесток дуел.
Russell Westbrook SHOVES Jusuf Nurkic to the ground! pic.twitter.com/6eJ2XoJdlA
— Basketball Forever (@Bballforeverfb) March 8, 2019
На четири секунди пред крајот на регуларниот дел влезе во судир со Пол Џорџ. Нуркиќ се обиде да ја удри ѕвездата на Оклахома со глава поради тоа беше исклучен и испратен во соблекувалната.
https://youtu.be/nCBMQrCySSM
Кога во прашање е самиот натпревар Вестбрук во победничкиот тим беше најефикасен со 37 поени, Џорџ додаде 32. На другата страна Лилард одигра фантастичен натпревар и средбата ја заврши со дури 51 пеон, додека Мек Колум уфрли 25.
Во вториот натпревар Милвоки славеше против Индијана со 117:98.