Иако натпреварот во Париз требаше да биде само формалност после големата победа на ПСЖ на „Олд Трафорд“, сепак Манчестер Јунајтед направи вистинска сензација и се пласира во четвртфинале.
Солскјер имаше големи кадровски проблеми, не можеше да смета на девет важни фудбалери и во Париз отпатува со неколку деца од академијата, но успеа да ја направи една од најголемите сензации во Лигата на шампиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед фантастично го отвори натпреварот во Париз и поведе со 1:0 уште во втората минута со голот на Лукаку. Голот дојде после катастрофалната грешка на одбраната на „светците“. Кехрер сакаше да го проигра Тиаго Силва, но топката дојде до Лукаку кој излезе сам пред Буфон и го матира.
ПСЖ брзо се созеде и израмни неколку минути подоцна, откако Мбапе им избега на чуварите и асистираше за Бернарт.
Сепак, во 30-та минута Буфон направи голема грешка после ударот на Рашфорд, па Лукаку погоди за 1:2 и повторно го доведе Јунајтед во водство.
Во второто полувреме ПСЖ ја контролираше играта, создаде голем број на шанси и само се очекуваше кога ќе го израмни резултатот. „Црвените ѓаволи“ полека паѓаа, а Солскјер на клупата немаше опции.
Во игра влегоа младите Чонг и Гренволд кои дебитираат во Лигата на шампиони. Тоцно во 90-та минута при шут на Гренволд, Кимпембе играше со рака во казнетиот простор, а судијата Скомина откако се консултираше со ВАР досуди пенал.
Рашфорд ладнокрвно го совлада Буфон за 3:1, ги однесе „црвените ѓаволи“ во четвртфинале и ги расплака богатите Парижани.