Дома Останати Кошарка НБА „Воините“ изгледаа немоќно, Бостон со +23 го „збриша“ шампионот (ВИДЕО)

„Воините“ изгледаа немоќно, Бостон со +23 го „збриша“ шампионот (ВИДЕО)

boston golden state

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Кошаркарите на Бостон убедливо со 128:95 славеа против Голден Стејт во натпревар во кој доминираше Гордон Хејворд со 30 поени.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Од самиот старт на натпреварот Бостон покажа „заби“ на актуелниот шампион и на полувремето веќе имаа предност од 25 поени разлика. Во продолжение на теренот сликата не се меенуваше. Колку Бостон беше доминантен покажува податокот дека овој тим ги доби сите четири четвртини.

Најголемата предност во еден момент изнесуваше и плус 35 поени на што „Воините“ немаа никаков одговор, па ниту еднаш во текот на натпреварот не успеаа да се доближат.

Покрај Гордон Хејворд кој постигна 30 поени во победничкиот тим се истакнаа Кајри Ирвинг со 19 поени, 5 скокови и 11 асистенци, Џејлен Браун со 18 поени и Џејсон Татум со еден помалку.

Од друга страна во тимот на Голден Стејт се истакна Стеф Кари со 23 поени, го следеаа Кевин Дурант со 18 и Демаркус Казинс со 10. Овие тројца беа единствените во тимот на Голден Стејт со двоцифрен број на поени.

НБА резултати:

Индијана – Чикаго 105:96

Филаделфија – Орландо 114:106

Мемфис – Портланд 120:111

Минесота – Оклахома 131:120

Торонто – Хјустон 95:107

Голден Стејт – Бостон 95:128

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …