Дома Фудбал Италија Пирло се враќа во Јувентус како тренер!?

Пирло се враќа во Јувентус како тренер!?

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло започна преговори со својот поранешен клуб Јувентус за да го преземе кормилото на младиот тим на „бјанконерите“, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Идејата на 39-годишниот Италијанец е да го преземе кормилото на У23 тимот на Јувентус од следната сезона, бидејќи актуелниот тренер Цинкорели не успеа да се справи најдобро.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во моментов Пирло работи во „Скај Спорт“ како стручен коментатор на натпреварите од Серија А, но веќе оди на тренерски курс.

Пирло е вистинска икона на италијанскиот фудбал, а четири сезони помина во дресот на „бјанконерите“ каде освои четири титули во Серија А.

Медиумите тврдат дека двете страни се во напредни преговори и во наредните денови треба да бидат договорени последните детали. Па од следната сезона Пирло ќе ја започне својата тренерска авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вести од Мадрид го „затресоа“ Франција: Поради Килијан Мбапе сè паднало во втор план

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи за викендот бидејќи во гостувањето кај Бетис освои…