Во дербито од 29-тото коло во англиската Премиер лига силите ги одмерија лондонските ривали Тотенхем и Арсенал.
Арсенал долго време нема победа на гостување против Тотенхем, но денес составот на Унаи Емери беше блиску да однесе победа од култниот „Вембли“, но со мала помош на судиите, но очајна реакција на Обамејанг во 90-тата минута Тотенхем извелече бод.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Водечкиот гол го постигна Рамзи во 16-тата минута. Хари Кејн десетина минути подоцна постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
Тотенхем до изедначување стигна во 75-тата минута. Кејн реализираше пенал, но претходно линискиот судија не досуди очигледен офсајд, во продолжение од акцијата Мустафи направи пенал.
Во 90-тата минута главниот судија како да сакаше да ги изедначи сметките, па досуди еден сомнителен пенал за „топџиите“. Меѓутоа ударот од белата точка на Обамејанг го одбрани Лорис. Габонецот доби шанса и за поправен, откако Лорис ја одби топката таа стигна до Обамејанг кој од неколку метри не реализираше чиста прилика.
Во финишот од натпреварот исклучување заработи Тореира.
Арсенал во следното коло го дочекува Манчестер Јунајтед и тој натпревар ќе биде директен дуел за четвртата позиција до која Јунајтед сега има прилика да стигне со денешна победа против Саутемптон.