Милан во продолжување од сезоната изгледа навистина одлично, а еден од најдобрите играчи на овој тим е полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек.
„Росонерите“ вчера славеа победа против Емполи од 3:0. Сите три погодоци избраниците на Гатузо ги постигнаа во второто полувреме. Еден од погодоците беше дело на Пјонтек и тоа првиот. Потоа мрежата гостите ја погодија уште Кеси и Кастиљехо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјонтек вчера стана првиот напаѓач кој успеал да постигне погодок на своите први четири старта во Серија А за „росонерите“ по Оливер Биров во 1998 година.
https://www.youtube.com/watch?v=YXGHwBtIgrM
Голот против Емполи воедно беше и осумнаесети оваа сезона во Серија А кои ги постигна како играч на Џенова и сега во Милан. Во италијанското првенство поефикасен од него е само Кристиано Роналдо кој зад своето има 18 погодоци.
Освен тоа статистичарите пресметаа дека Пјонтек оваа сезона има просек од 0.96 голови по натпревар и по ова е за малку зад Лионел Меси кој има просек од 0.97.
И покрај ваквите бројки според изјавата дадена во медиумите неодамна Пјонтек цврсто стои на земја.
„Ако ги поседував сите квалитети за кои се пишува низ медиумите сигурно би бил најдобриот во историјата. Јас имам една цел и се надевам дека ќе ја исполнам – да му ја вратам славата на Милан. Мое мислење е дека понекогаш одредени медиуми и претеруваат. Сакам да добивам комплименти. Задоволен сум поради ефикасниот старт на мојата авантура во Милан“, изјави неодамна полскиот напаѓач.