Дома Фудбал Останато Историскиот успех на Динамо во соблекувалната се славеше и со македонското знаме (ВИДЕО)

Историскиот успех на Динамо во соблекувалната се славеше и со македонското знаме (ВИДЕО)

Динамо Загреб вчера направи голем успех славејќи со 3:0 против Викторија Плзен со што ја продолжи европската пролет.

Тимот на кој капитен е македонскиот фудбалер Арјан Адеми денес од 13:00 часот ќе го добие својот противник.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Цела Хрватска е во вистинска еуфорија поради историскиот успех на најтрофејниот хрватски клуб. Спортската јавност во оваа земја има и уште една добра причина да го слави успехот на Динамо – на чекор се да имаат два претставници во квалификациите за Лигата на шампионите.

Со елиминацијата на Динамо и пласманот во осминафиналето од Лигата на Европа Динамо ја донесе Хрватска на само еден бод од подобра позиција на ранг-листата. Таа подобра позиција на Динамо ќе и донесе на Хрватска две места во Лигата на шампионите и уште три во Лигата на Европа.

Хрватска е на бод да ги мине Данска и Швајцарија кои немаат свои претставници во Европа. Поради тоа како што се проценува на најтрофејниот хрватски клуб му е потребно само едно реми во двомечот од осминафиналето.

Разбирливо после еден ваков голем успех следуваше вистинска лудница во соблекувалната каде што се прославуваше победата. Благодарение на Арјан Адеми во соблекувалната на Динамо имаше место и за македонското знаме.

Aдеми член на Динамо е веќе девет години, односно од 2010 година кога пристигна од редовите на Шибеник. Единствено во 2012 година настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Локомотива.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…