Тимот на Јувентус вчера претрпе пораз во првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико Мадрид и сега „бјанконерите“ ги очекува тешка задача на реваншот во Торино.
„Старата дама“ се наоѓа во тешка позиција бидејќи два гола негатива против цврст тим каков што е Атлетико ќе биде навистина тешко да се надополнат. Освен тоа Јувентус има и лоша традиција според која никогаш не изборил пласман во следната фаза ако бил поразен во првиот натпревар со 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку доживее елиминација годината ќе бие означена како неуспешна бидејќи навивачите сакаат повеќе од доминацијата само во Италија. Освен тоа Јувентус ќе доживее и финансиска загуба.
Со самиот пораз во првиот натпревар Јувентус доживеа пад на акциите за 10%. Во превод тоа е сума од околу 130 милиони евра.
Акциите на клубот се намалија и во перидот кога Кристиано Роналдо се поврзуваше со скандалот со Кетрин Мајорга.
Доколку биде елиминиран, Јувентус ќе изгуби 10.5 милиони евра од УЕФА како бонус за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Освен тоа „старата дама“ ќе ги изгуби и парите кои би можеле да ги добијат од ТВ правата.
Треба да се истакне дека ова лето акциите на Јувентус беа зголемени за 26% кога клубот го доведе Кристиано Роналдо за сума од 100 милиони евра.