Дома Фудбал Нов повод за славје во Мадрид: Облак стави потпис на нов договор!

Нов повод за славје во Мадрид: Облак стави потпис на нов договор!

Само еден ден после големата победа над Јувентус, Атлетико Мадрид повторно ги израдува своите фанови.

Имено, голманот на „јорганџиите“, Јан Облак денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со клубот од Мадрид до 2022 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Облак имаше откупна клаузула од 100 милиони евра, а медиумите тврдеа дека ПСЖ е спремен да ја плати, па Атлетико побрза да му понуди нов договор.

Со новиот договор Словенецот ќе заработува неверојатни 12 милиони евра по сезона, а сега откупната клаузула ќе изнесува 200 милиони евра.

Облак пристигна во Атлетико во 2014 година и се етаблираше во еден од најдобрите голмани на светот. Доказ за тоа е што успеа 22 пати да ја зачува својата межа во натпреварите од Лигата на шампиони.

Облак и минатото лето беше на мето на Челзи и ПСЖ кои беа спремни да ја платат неговата откупна клаузула, но тој одлучи да му остане верен на Атлетико Мадрид.

Со ова челниците на Атлетико Мадрид решија еден голем проблем и го „блиндираа“ голманот, па сега остануваат отворени прашањата на Филипе Луис и Диего Годин, чии договори истекуваат на крајот на сезоната.

Што се однесува до Годин се чини дека „јорганџиите“ ја загубија битката и стоперот на лето ќе се пресели во Интер како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…