Вчера Јувентус запиша пораз од 2:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и така „бјанконерите“ се ставија во незавидна позиција пред реваншот.
Јувентус веќе долги години доминира во италијанскиот фудбал, меѓутоа навивачите на овој клуб не можат во целост да бида задоволни затоа што изостанува успехот во
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европа. Да Јувентус во последните години играше и две финалиња, но она што го посакуваат навивачите е трофејот на кој чекаат долго време.
Токму за таа цел во клубот беше доведен Кристиано Роналдо за 100 милиони евра.
Меѓутоа сега „бјанконерите“ се наоѓаат пред елиминација. Добро познато е колку цврст фудбал игра Атлетико Мадрид и против избраниците на Симеоне навистина е тешко да надополниш таква негатива.
Освен тоа на Јувентус не му оди во прилог и традицијата.
Ако погледнеме наназад низ фудбалската историја ќе забележиме дека Јувентус никогаш не успеал да се врати и да елиминира противник во нокаут фазата откако на првиот натпревар загубил со 2:0.
Во ваква ситуација италијанскиот гигант се наоѓал пет пати последен пат тоа беше случај во сезоната 2012/2013 кога против германски Баерн Минхен двата натпревари ги загубија со по 2:0.
Единствена надеж за Јувентус е што Кристиано Роналдо со Реал Мадрид се има вратено од ваква негатива. Во сезоната 2015/2016 „кралевите“ надополнија негатива од 2:0 против Волфсбург, а подоцна стигнаа и до шампионската титула.