Феникс, изминатата ноќ убедливо загуби од Бруклин 128:98, но според еден податок екипата се запиша во историјата на НБА лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стартната петорка на Феникс Тајлер Улис, Девин Букер, Дерик Џонс јуниор, Мариз Киз и Алекс Лен е најмладата која започнала натпревар во НБА лигата. Возраста на петмината кошаркари во просек изнесува 21 година и 14 денови.
Kако што пренесува ЕСПН, оваа петорка на Феникс, во просек и помлада и од речиси сите тимови кои учествуваат на „мартовското лудило“, завршниот турнир во колеџ, НЦАА лигата.
Помлада стартна петорка има само Универзитетот Пардју, во просек 20 години и 265 денови.
Претходниот рекорд беше во сопственост на ЛА Клиперс, овој тим во 2010 година стартуваше со петорка на просечна возраст од 21 година и 143 денови.