Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ распиша конкурс за нов селектор – ова се условите кои кандидатите треба да ги исполнуваат

РФМ распиша конкурс за нов селектор – ова се условите кои кандидатите треба да ги исполнуваат

macedonia

Македонската сениорска репрезентација е во потрага по нов селектор откако селекторското столче на нашата репрезентација го напушти Раул Гонзалез.

На собранието на РФМ во саботата Мукаетов зборуваше за тоа каков тип на селектор според него и е потребен на Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во следниот период еден од најголемите предизвици на федерацијата ќе биде пронаоѓањето на нов селектор на А репрезентацијата. Тој сигурно ќе биде професионалец, а јас ќе инсистирам да биде човек кој ќе нема клупски ангажман. Во април не очекуваат важни натпревари и мораме тоа прашање што побрзо да го решиме“, изјави тогаш Мукаетов.

Денес преку официјалниот сајт на ракометната репрезентација распишан е конкурс за селектор на машката репрезентација на Македонија.

Кандидатите кои сакаат да се пријавата треба да ги исполнуваат следните услови:

CV (со постигнати спортски резултати)

Висока (7-ми степен) или Виша (6-ти степен) стручна спрема во областа на спортот

Да поседува лиценца за ракометен тренер и најмалку 3 категорија или ЕХФ лиценца за МASTER COACH согласно EHF RINCK конвенција

План и програма за работа со националната селекција во период од четири години

Познавање на еден од светските јазици

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …