Дома Фудбал Германија Хаос во Баерн пред Ливерпул: Вербална расправија меѓу Ковач и Алкантара

Хаос во Баерн пред Ливерпул: Вербална расправија меѓу Ковач и Алкантара

Баерн од Минхен го совлада Аузбург со 3:2 во рамките на 22. коло од Бундеслигата, со што ја потврди добрата форма. Првиот посериозен испит Баварците ги очекува веќе утре во осмина финалето во ЛШ, каде гостуваат кај Ливерпул.

Не очекува одличен натпревар, а германски Билд пренесува дека кај германскиот гигант и покрај добрите резултати не владее добра атмосфра, туку напротив.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно Нико Ковач задоцнил на еден од тренинзите пред дуелот со Штутгард, што предизвикало нервоза кај фудбалерите. Ковач ден претходно им одржал лекција на играчите и им кажал дека нема да има никаква толеранција за доцнење, а потоа тоа му се случило на него.

Најголемиот проблем го направил Тиаго Алкантара кој според пишувањата на Билд бил лут после натпреварот против Аузбург. Започнала вербална расправија во соблекувалната, каде биле разменети неколку недолични зборови од двете страни.

Ковач против Аузбург го замени Алкантара во 82. минута, што очигледно на играчот не му се допаднало.

Како и да е, во случај на пораз во Англија, на Ковач воопшто нема да му биде лесно.

Ова секако се и тоа како лоши вести за Баерн кој и онака нема фаворитска улога пред споменатиот натпревар против Ливерпул во најелитното европско натпреварување.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Баерн се игра утре, кога на програмата во редовниот термин од 21:00 часот ќе ја гледаме и средбата помеѓу Лион и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…