Тимот на Леванте денес забележа висока победа гостувањето против Селта во шпанското првенство, Енис Барди одигра добар натпревар во кој успеа да запише и асистенција.
Енис Барди ги одигра комплетните 90 минути во оваа важна против Селта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леванте победата ја најави во првото полувреме кога со головите на Моралес и Коке имаше предност од 2:0.
После четири минути игра во вториот дел домаќините останаа без Будебуз кој заработи директен црвен картон поради опасен старт.
Моралес со новиот погодок во 62-та минута зголеми на 3:0, за во 88 минута Мендез со удар од белата точка да го постигне почесниот гол за Селта.
Во следната минута Мајорал ги постави конечните 4:1 после асистенцијата од Барди.