Манчестер Јунајтед вчеравечер соопшти тажни информации за својот млад фудбалер Макс Тејлор.
Тажни вести од Островот…„Црвените ѓаволи“ соопштија дека младиот 19 годишен фудбалер Тејлор има рак. Таа вест ги потресе сите навивачи на клубот од „Олд Трафорд“. Се уште не е познато за која фаза од болеста се работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тејлор вчера го започна и процесот на лечење. Фудбалерот во една од болниците во Манчестер ја имал првата хемотарапија и верува ека ќе излезе како победник. Тој со Јунајтед минатата година го потпиша првиот професионален договор, но сега некое време ќе биде надвор од сите активности.
„Им благодарам на сите во клубот кои ми даваа поддршка и ми помагаа уште од првиот ден кога дознав дека имам рак. Лекарите се грижат за мене најдобро што можат и навистина се ми е овозможено. Не постојат зборови со кои можат да опишам колку сето ова ми значи. Не се откажува и верувам дека ќе излезам како победник и посилен од оваа борба“, изјави Тејлор.
Исто така се соопштува дека Тејлор нема да плати ниту цент за лекувањето и сите трошоци за лекувањето ќе бидат покриени од страна на Манчестер Јунајтед.
Наскоро се очекуваат повеќе информации за фазата во која се наоѓа болеста во телото на Тејлор.
U-23 defender Max Taylor who was recently diagnosed with cancer has successfully responded to chemotherapy. We wish him a speedy recovery. #mufc pic.twitter.com/LlU7q5G1WO
— Man United NM (@ManUtd_NM) February 16, 2019