Ништо не се променило, страните останале на своето, Интер го бара невозможното, а на никој не му е јасно како работата може да се поправи.
Ниту разговорот со Марота и Спалети не донесе ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди остана на своето, секогаш даваше за клубот и не заслужи да му биде одземена капитенската лента.
Тој се чуствува предаден.
„И тој и Ванда се јасни по тоа прашање во соблекувалната, односно поголем дел од соиграчите му го свртеле грбот. Покрај него останале Јужноамериканците, пред се Лаутаро Мартинез, но и Весино, како и Шпанецот Борха Валеро, остатокот е против и сметаат дека Икарди никако не смеел да го одбие повикот за натпреварот со Рапид“, тврди познатиот новинар Ди Марцио.
Се појавија и информации дека клубот барал од него да се извини на соиграчите, но дека тој тоа категорички го одбил.
„Не можам да замислам ситуација во која нема да игра до јуни, но во исто време ниту да го замислам Икарди како ја наведнува главата“, додава познатиот новинар.
„Газета“ пишува дека поголемиот дел од соблекувалната сака да го види грбот на поранешниот капитен, а ќе видиме што ќе се сучи откако Икарди ќе разговара со претседателот Жанг.
Тој е многу директен, па веројатно на Аргентинецот ќе му бидат понудени неколку опции.
Сигурно нема да игра против Сампдорија, официјално е повреден, но во тоа никој не верува. Медиумите и понатаму инсистираат дека ќе заврши во Јувентус.
Што ќе се случува останува времето да покаже, но во овие моменти изгледа како Икарди да е тргнат на пат од кој не може да се врати.