Донован Мичел го изведе „потегот на натпреварот“ во натпреварот на „ѕвездите во подем“ во НБА лигата.
Тимот на Американците го надигра тимот на светот и практично ова беше одмазда за минатата година кога светот убедливо славеше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден момент од натпреварот нема по добро да го памети првиот стрелец на Јута, Донован Мичел.
Мичел беше авторот на најкомичниот потег кој сме го виделе во последно време во најсилната кошаркарска лига.
Минатогодишниот шампион во забивања буквално се посрамоти кога сакаше да има ефектна завршница. Мичел беше сам пред кошот и се обиде атрактивно да заврши.
Меѓутоа Осман пресилно ја фрли топката и место ефектна завршница таа заврши над обрачот.
Уште повеќе комична ситуацијата Мичел ја направи кога скокна да ја дочека и да поентира.