Џорџо Кјелини призна дека било тешко да се замени Џиџи Буфон, на местото капитен на Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој ја презема капитенската лента, откако Буфон замина во ПСЖ, но сето тоа се надомести со доаѓањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
„Не е лесно да се замени Џиџи. Мора да одржувате баланс на теренот но и во соблекувалната, а тоа не е лесно. Кога е во прашање Роналдо, тој е вистински лидер. Мило ми е што го имам покрај себе. Кристијано е како Болт и Федерер.“ – изјави Кјелини.
Кјелини освои седум наслови по ред со Јувентус во првенствотво.