Дома Фудбал Лига на шампиони Загревање пред дербито: Тухел со германска поговорка го прокоментира успехот на Солскјер

Загревање пред дербито: Тухел со германска поговорка го прокоментира успехот на Солскјер

Вечерва на програмата од Лигата на шампиoните е големото дерби помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а пред ова дерби свој коментар на ситуацијата во противничкиот табор даде и Томас Тухел.

Германскиот стратег смета дека натпреварот со Јунајтед доаѓа во тежок период за сите во клубот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Јунајтед сега игра со голема самодоверба и постигнува многу голови, посебно во раната фаза од натпреварите. Имаат фантастична серија и воопшто нема да биде лесно против нив. Од моментот на ждрепката работите се многу променти и тогаш кажав дека за овој натпревар треба да зборуваме во февруари“, изјави Тухел.
Потоа тој зборуваше и за Солскјер.

„Не знам како ги промени работите, но некако му успеа. Во Германија постои една поговорка: Ако одиш на доктор и тој те излечи, значи си отишол кај вистинскиот“, порача Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …