Дома Останати Тенис Федерер заработува најмногу од сите тенисери на светот

Федерер заработува најмногу од сите тенисери на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Рожер Федерер во последните години не бира турнир на кој ќе запише настап.

Иако има 37 години, Федерер се уште игра на врвно ниво.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Понекогаш одлучува да настапи и на помали турнири, а организаторите се обидуваат да го донесат токму Федерер бидејќи неговото доаѓање најмногу им се исплати.

Нормално, тој е еден од најпознатите спортисти на светот и неговите натпревари ги следат милиони луѓе.

Исто така, големи ѕвезди се и Ноле и Рафа, а откриено е колку овие три играчи бараат за настапите на тие турнири.

„Федерер бара милион евра. Претходната година надвор од својот вообичаен распоред настапи на турнирите во Штутгарт Базел, а Надал и Ѓоковиќ се нешто поефтини, бараат околу 880 илјади евра.“ – тврди изворот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Познатиот тенисер Енди Родик вели дека Карлос Алкараз е подобар во овие години отколку што…