Дома Фудбал Италија Ванда фрла нов сомнеж: Интер не го заштитува Икарди

Ванда фрла нов сомнеж: Интер не го заштитува Икарди

Ситуацијата помеѓу Интер и Икарди прераснува во вистинска шпанска сапуница безброј пати низ италијанските медиуми Икарди беше блиску и до заминување и до потпишување на нов договор.

Aко име веруваме на медиумите последното е дека се чека само потписот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меѓутоа последната изјава на неговата сопруга и агент Ванда Икарди фрла мала доза на сомнеж.

Ванда тврди дека никогаш не кажала дека Икарди ќе потпише нов договор.

„Никогаш не кажав дека ќе потпишеме. Да, ми се јавија од клубот, разговаравме за некои работи, но не и за продолжување на договорот. Во јавноста често пати лошо се зборува за Maурро и сакам клубот да застане позади него и да го штити. Не велам дека не сакам да го продолжиме оговорот, но не брзаме. Актуелниот договор има важност уште две години“, изјави Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Терзиќ: Време е да ја прекинеме серијата на Реал Мадрид

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ смета дека неговиот тим може да ја прекине сери…