Аргентинскиот волшебник Лионел Меси секогаш е нагласуван како човек кој е најзаслужен за победите и добрите резултати на Барселона и секако дека не можеме за оние луѓе кои ќе го кажат ова да кажеме дека грешат.
Меѓутоа уште еден човек е и тоа како заслужен за резултатите на каталонскиот клуб, а тоа е голманот Марк Андре Тер Штеген.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера Барселона одигра 0:0 против Атлетик Билбао во натпревар во кој во финишот беа во подредена улога. Ињаки Вилијамс имаше една 100% шанса меѓутоа Тер Штеген запиша една чудесна интервенција.
Тер Штеген беше играч на натпреварот, а во каква форма брани говори следниот податок. Имено, Германецот одбранил неверојатни 30 од последните 34 директни удари кон неговиот гол во Ла Лига.
Навистина податок кој заслужува почит.
30 – Marc-André ter Stegen has saved 30 of the last 34 shots on target he has faced for @FCBarcelona in @LaLigaEN (four goals conceded). Rescuer. pic.twitter.com/mMZYR58vPU
— OptaJose (@OptaJose) February 10, 2019