Дома Фудбал Англија Машинеријата на Сослкјер продолжи да гази: Манчестер Јунајтед е во топ 4! (ВИДЕО)

Машинеријата на Сослкјер продолжи да гази: Манчестер Јунајтед е во топ 4! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед можеби привремено, но влезе во топ 4!

Во рамките од 26-тото коло во Премиер лигата на стадионот „Кревен Котиџ“, Манчестер Јунајтед го победи Фулам со 0:3.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се играше 14-тата минута кога „црвените ѓаволи“ стигнаа до предност, Пол Погба избегна офсајд и го искористи додавањето од Марсијал. Само девет минути подоцна, Марсијал изведе фантастичен соло продор и го матираше Рико 2:0.

До крајот на првото полувреме не видовме погодоци, но доминираше Јунајтед.

Во продолжение после неколку обиди на гостите, Ле Маршан го сруши Мата во казнетиот простор и судијата покажа на белата точка.
Одговорноста ја превзема Погба кој погоди за 3:0. Резултат кој се покажа и како конечен.

Манчестер Јунајтед барем на кратко со оваа победа ќе биде на четвртата позиција на табелата со 51 освоен бод. Фулам ќе остане претпоследен со 17.

За Солскјер ова беше 10-та победа во 11-тиот натпревар (реми против Барнли 2:2).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Леверкузен заврши потрага: Избраа наследник на Тен Хаг!

„Фармацевтите“ моментално водат разговори со неколку можни кандидати, а најизгледно е дека…