Фудбалерите на Нант утре пред своите навивачи играат против Ним во 24-то коло од француската Лига 1 кое ќе биде во знакот на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала.
Емилијано Сала првиот дел од сезоната го носеше дресот на Нант, а потоа потпша за Кардиф. Меѓутоа откако се врати во Франција да се поздрави со поранешните соиграчи, авионот на враќање кон Кардиф се сруши. Две недели подоцна беше пронајдено неговото тело во остатоците од авионот на морското дново.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето ова го потресе фудбалскиот свет, а тоа посебно се однесува на играчите и навивачите на Нант. Клубот каде што Сала помина три сезони и постигна 42 погодоци.
Нант утрешниот натпревар целосно ќе му го посвети на Сала. Освен што претходно беше одлучено бројот девет да се повлече од употреба, клубот направи и уште еден гест со кој посебно ја воодушеви јавноста.
Нант ги намали цените на сите влезници и постави единствена цена за сите делови од трибините. Во чест на бројот кој го носеше Сала тие ќе изнесуваат девет евра.