Вчера официјално беше потврдено дека телото во остатоците од авионот на 63 метри длабочина во водите на англискиот канал е Емилијано Сала.
Оваа вест иако шансите за преживање на Сала и добри вест беа екстремно мали го погоди целот фудбалски свет, но најмногу секако семејството на Аргентинецот кое претрпува огромна загуба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После потврдувањето на трагичната вест во јавноста со соопштение се огласи и семејството на фудбалерот.
„Сакаме да ви се заблагодариме на сите за сочуството во овие најтешки моменти од нашиот живот. Гледавме како целиот свет се мобилизираше за потрагата да биде продолжена и тоа за нас беше од огромно значење. Благодарение на сите вас сега можеме да тагуваме по нашиот син, нашиот брат. Нашите мисли се и со семејството на пилотот Дејв Иботсон, се надеваме дека ќе биде пронајден“, стои во соопштението.
Ќе потсетиме, телото на Иботстон засега се уште не е пронајдено и тој се води како исчезнат.