Тимуе Бакајоко ова лето пристигна во Милан на позајмица од Челзи и после првите неколку меча медиумите во Италија побрза да го прогласат за големо промашување.
Меѓутоа Французинот полека влезе во препознатливата форма и во моментов е незаменлив во тимот на „росонерите“ и е еден од најдобро оценетите играчи за врска во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога пристигнав сакав да го заслужам местото во голем клуб. Сега ми оди добро. Милан е клуб од друга димензија. Од првиот ден кога пристигнав се чувствува големината на овој клуб. Атмосферата на Сан Сиро е фантастична. Милан е митски клуб“, изјави Бакајоко.
„Росонерите“ имаат можност да го откупат на лето за 35 милиони евра, а Бакајоко нема дилеми каде сака да ја продолжи кариерата.
„Кој не би сакал да остане во Милан? Овде ми е фантастично, но имам договор со Челзи. Јас не одлучувам, но сакам да останам во Милан уште долги години“, јасен е Французинот.