Дома Останати Кошарка НБА Пистонси имаа лек за Јокиќ и убедливо го победија Денвер, Харден не знае за доста (ВИДЕО)

Пистонси имаа лек за Јокиќ и убедливо го победија Денвер, Харден не знае за доста (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Низата на Денвер од шест победи заврши во Детроит и тоа со тежок пораз.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Пистонси запишаа една од најубедливите победи оваа сезона, 129:103 против гостите кои беа ослабени поради неиграњето на Милисап, Херис и Мари.

Поради тоа многу се очекуваше од Никола Јокиќ кој водеше голема борба со Драмонд и Грифин. Добро му тргна, но потфрли во продолжение од натпреварот. Јокиќ натпреварот го заврши со 16 поени, 4 асистенции, 3 скокови. Колку Јокиќ беше отсутен во продолжение од натпреварот зборува податокот дека 11 од 16-те поени ги постигна во првата четвртина. Најефикасен кај Денвер беше Лајлс со 20 поени.

Во редовите на победничкиот тим Драмонд со 27 поени и 12 скокови го доби признанието играч на натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=viWdaQgX828

https://youtu.be/Ck3XAmGnNgQ

Џејмс Харден одигра уште еден супер ефикасен натпревар, ниту Феникс не пронајде „лек“ за пеколниот Харден. Хјустон запиша победа од 118:110, додека Харден им ја наполни мрежата со 44 поени.

Со ваквиот настап Харден стигна до 27-миот натпревар во низа со над 30 поени.

НБА резултати

Детроиот – Денвер 129:103

Вашингтон – Атланта 129:137

Бруклин – Милвоки 94:113

Њу Орлеанс – Индијана 107:109

Феникс – Хјустон 110:118

Сакраменто – Сан Антонио 127:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Јокиќ и Марјановиќ „лудуваа“ во кафена на песните на Ана Бекута 🎥

Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ одлично го користат слободното време по напорната сезона и…