Дома Останати Том Брејди покажа зошто е најголем, Патриотс го добија најчудниот Супербол!

Том Брејди покажа зошто е најголем, Патриотс го добија најчудниот Супербол!

Њу Енглад Патриотс славеа против Лос Анџелес Ремс со 13:3 во Суперболот и стигнаа до шестата титула во НФЛ.

Требаше да биде тоа спектакуларен натпревар на двата најдобри напади во лигата и Супербол кој ќе се памети со години. Ќе се памети навистина, но како Суперболот со најмалку поени од 1973 година и Супербол во кој Том Брејди ги замолчи и последните критичари со што докажа дека е најголемиот играч во историјата на овој спорт.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Не му беше ова најдобар натпревар во кариерата. Ниту во 100-те најдобри. Но кога беше потребно и кога требаше да направи нешто за натпреварот да се одлучи, Брејди го направи своето.

Во чуден натпревар Патриотс водеа со шокантни 3:0 на полувреме со филд гол.

Единствениот тачдаун на натпреварот се случи на седум минути пред крајот кога играчите на Патриотс со неколку одлични фрлања го пронајдоа Брејди и стигнаа пред голот на Рамс, до тачдаунот се дојде со пробивањето на Мишел. Го погодија и дополнителниот поен за 10:3.

Ова како што споменавме е шеста титула за Патриотс и така се изедначија со Питсбург Стилерс. Овие два клуба сега се клубовите со најмногу трофеи во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Претседателот на клубот потврди: Меси одбил понуда вредна 1.4 милијарди евра

Од таборот на Ал Хилал откриваат дека му понудиле неверојатни 1,4 милијарди евра на Лео Ме…